|
Најнови вести од активностите на нашата
Организација |
|
ПОВИК за учество на обука за Програмата МЛАДИ во АКЦИЈА |
|
ПОВИК за
учество на семинарот
МЛАДИ ВО АКЦИЈА - ВИСТИНА ИЛИ ПРЕДИЗВИК
Доколку
сакате да организирате меѓународни младински семинари, тренинзи и
младински размени и доколку сакате во блиска иднина да имате волонтер од
некоја од Европските земји, тогаш повелете аплицирајте за дводневниот
семинар Млади во Акција - вистина или предизвик, кој го организира
Организација на жените на општина Свети Николе финансиски
подржано од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.
Овде може да ги превземете:
-
повикот за учество на семинарот;
- пријавата
за учество на семинарот; |
|
Обука за
ментори во Словенија |
|

Преставници на Организацијата на жените на општина
Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и
средното училиште од Свети Николе, во периодот од 21-24 Август 2008,
учествуваа на обука за ментори во организација на Словенска
филантропија од Љубљана. Учесниците на обуката “Развивање на
доброволната работа со деца и млади на територии на Западен Балкан и
начин на подготовка на граѓанството во демократското општество”споделија
искуства од досегашната работа на полето на волонтерството во своите
држави, се запознаа со словенскиот модел на доброволна работа со
млади во училиштата и придобивки од доброволната работа за
младите.
Повеќе за овој напис
|
|
ЗАЕДНО за
почиста Општина |
|
“Организација на жените на
Општина Свети Николе“ во партнерство со
И.О.
“Гоце Делчев”, како и останатите општествени чинители:
Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев, Граѓанска
иницијатива на жени, Здружение на Роми и Здружение на Власи
ја започнаа реализацијта на проектот „Заедно за почиста Општина”.
Овој проект се спроведува преку Програмата SECTOR на
Регионалниот центар за Заштита на животната средина за Централна и
Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската агенција за
меѓународен развој и соработка (SIDA).
Повеќе за овој напис
|
|
Мултилатерална Младинска Размена „Пријателство без граници“-Јундола,
Бугарија |
|

Од 01
до 11 Јули 2008 година во Јундола, Бугарија
се одржа Мултилатералната Младинска Размена "Пријателство без
граници". Целта на оваа младинска размена беше преку конкретни
активности од различен вид младите од 4 земји да ги надминат
предрасудите и да можат подобро да се запознаат и дружат со своите
врсници од другите земји.
На размената
зедоа учество млади од 4 земји:
-Бугарија
– Евроалтернативи21
-Македонија
– Организација на жените на Општина Свети Николе;
-Босна и
Херцеговина – ЗГ Лотос, Зеница;
-Турција
- Неформална група на млади „Gocmenalemi“,
Бурса
Повеќе за размената можете да
прочитате на следните линкови:
http://www.evroalternativi21.hit.bg/nastoiashti.html
http://www.womsvetinikole.org.mk/2007_YouthInAction-Activities.HTM |
|
на почеток= |
|
Образование за
работнички права во Источна Македонија |
|
Организацијата
на жените на Општина Свети Николе како партнер Организација на
Институтот за Демократија ,, Социетас Цивилис ,, кој е носител на
проектот “Образование за работничките права
во Источна Македонија”, во текот на месец
Март 2008 година реализираше 8 едукативни работилници за правата
од Работен однос во средниот училишен центар ,Кочо Рацин“ во
Свети Николе, текстилното средно училиште во Штип
и средното училиште во Виница
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Само здрави
граѓани градат здраво општество |
|
Проектните активности од проектот “Само здрави
граѓани градат здраво општество” чиј носител е НВО - ЕХО од
Штип продолжија и во тековната 2008 година Целта на проектот е да
се изработи регионална стратегија за превентивна здраствена заштита за
брегалничко струмичкиот регион , а воедно да се зајакнат капацитетите на
невладините организации од овој регион .
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Тренинг за
пишување на предлог проекти |
|
На 9 и
10 Февруари 2008 година во просториите на Организација
на жените на Општина Свети Николе се одржа дводневен тренинг за
пишување на предлог проекти. На обуката присуствуваа 25 млади луѓе ,
волонтери во Организација на жените на Општина Свети Николе. Одговорен
тренер им беше Златко Талевски од Младински Културен Центар од
Битола и член на мрежата на тренери на SEEYN.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Канцеларија за
бесплатна правна помош |
|
Канцеларијата
за бесплатна правна помош за жените жртви на семејно насилство е
отворена на почетокот на минатата година од страна на Организацијата на
жените на општина Свети Николе и континуирано работи во текот на
цела 2007 година како проектна активност во рамките на проектот
,,Подобрување на положбата на жените,, финансиран од Шведската
фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА . Интересот кај жените од Општина
Свети Николе е доста голем и секојдневно се јавуваат жени жртви на
семејно насилство на кои им е потребен стручен совет или подготовка на
писмен поднесок . Почнувајки од Јануари 2008 година за неполн
месец и пол регистрирани се 21 случаи на лица кои побарале и
добиле бесплатна правна помош.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Усвоена Локалната Младинска
Стратегија за Општина Свети Николе |
|

Организацијата на жените на општина Свети Николе во периодот
Септември 2007 - Јануари 2008 година го реализираше проектот
“Изработка на локална стратегија за млади на
општина Свети Николе” кој финансиски беше подржан од Министерство
за финансии на Република Македонија .
Општа цел на
проектот беше подобрување на положбата на младите и нивно активно
вклучување во општествените текови на живеење.
Стратегијата беше поднесена до Советот на Општина Свети Николе на
24.12.2007 година и беше усвоена од страна на советниците на 28.12.2008
година.
Локалната
стратегија за млади може да ја најдете на следниов линк :
Локална
стратегија за млади на
Општина Свети Николе (114
KB)
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Кампања „16
дена активизам против насилство врз зените“ |
|
Организацијата
на жените на општина Свети Николе како дел од проектот
“Подобрување на положбата на жените”
финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL
KVINNA реализира активности во рамките на меѓународната
кампања “16 дена активизам против
насилството врз жените” која трае од 20
Ноември до 6 Декември. Во рамките на оваа кампања активистките на
Организацијата на жените на општина Свети Николе изработија виолетови
машнички - симбол на борбата против семејно насилство и истите заедно со
брошури за семејно насилство беа поделени на жените на Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Продлабочување
на меѓурелигискиот дијалог |
|
Во
период од 1 Ноември до 31 Декември 2007 година се реализира
проектот Продлабочување на меѓурелигиски дијалог финансиски поддржан од
Екуменски женски фонд на солидарност - Омиш Република Хрватска.
Цел на проектот беше продлабочување и зацврстување на меѓуверската
толеранција, меѓусебното разбирање и соработка со цел подобрување на
соживотот меѓу различните верски ентитети.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Работилници за
правата на жените од работен однос |
|
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот
“Подобрување на положбата на жените”,
финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL
KVINNA во текот на 2007 година реализира 8 едукативни
работилници на тема Правата на жените од работен однос.
Целта на овие работилници беше запознавање на жените со правата и
обврските од работен однос. Работилниците беа одржани во 6 села:
Горобинци, Ерџелија, Мустафино, Црнилиште, Амзабегово и Кадрифаково и 2
работилници за жените од Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Осма ФАРЕ Акциона недела “Со фудбал против расизмот во Европа“ |
|
Активностите
од Осмата акциона недела од 17 до 30 Октомври се организирани од
мрежата ФАРЕ - со фудбал против расизмот во Европа (www.farenet.org)
во 37 земји во Европа. Организација на жените на Општина Свети Николе
(младински центар Вавилон од Свети Николе како дел од нејзината
младинската програма) по четврти пат пат се вклучија во
одбележување во оваа кампања.На 21 Октомври 2007 година во
училишната спортска сала во Општинското Основно Училиште "Кирил и
Методиј" во Свети Николе, се одржа финалето на турнирот во мал фудбал
"Со фудбал против расизмот во Европа".По предлог на младите беше
побарано турнирот да биде посветен и беше посветен на трагично прерано
загината голема Балканска музичката звезда од Македонија, голем љубител
на спортот и големиот хуманист - Тоше Проески .
Повеќе за овој напис и галерија со слики од настанот
|
|
на почеток= |
|
Меѓународна Младинска Размена „ЕВРОПСКА МЛАДИНА=ЕВРОПСКА
ИДНИНА“-Дојран 2007 |
|
Од
01 Јули - 10 Јули 2007 во Дојран
се одржа меѓународната младинска размена на која учествуваа 42 младинци
од 6 земји (Македонија, Србија, Италија, Словенија, Бугарија и Босна
и Херцеговина).
Главни цели на оваа размена беа да се надмине јазот што постои помеѓу
младите луѓе од различни земји од Европа и да им овозможи да спознаат
како подобро да ги почитуваат индивидуалните човекови права и слободи,
да се потикнат на младите за активно вклучување во општеството, јакнеење
на меѓукултурна соработка помеѓу младите во регионот (од земјите на
Југоисточна Европа и Европската Унија) и подобро меѓусебно запознавање
во насока на изградба на млади кои ќе станат одговорни европски граѓани.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |