На 29.03. со почеток од 17ч. и 18:30ч. се одржаа информативни средба со жени од рурални средини Кадрифаково и Амзабегово во општина Свети Николе. Целта на овие средби е да се запознаат жените од руралните средини со услугите кои ги пружа Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН.
За самиот проект, што обезбедува Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка и како тие самите можат да ја искористат бесплатната помош, доколку им е потребна, говореше професионалниот тим на канцеларијата: адвокат Томислав Арсовски, правна советничка Даниела Панева и психолог Емина Петкова.
Бесплатна правна помош е форма на помош што се обезбедува на поединци кои не можат да си дозволат правни услуги или застапување. Таа има за цел да обезбеди секој да има пристап до правдата без оглед на нивната финансиска состојба. Овој тип на поддршка е важен бидејќи помага да се заштитат законските права на ранливите поединци и осигурува дека тие не се неправедно обесправени во правните постапки.
Психо-социјалната поддршка е форма на помош која се однесува на психолошката и социјалната благосостојба на поединецот. Таа има за цел да обезбеди емоционална и практична поддршка на поединци кои можат да доживеат стрес или други психолошки фактори, особено во процеси на правна постапка или соочување со некаков правен проблем. Овој тип на поддршка може да вклучи советување, терапија, социјална и други форми на интервенција кои им помагаат на поединците полесно да се справат со нивните проблеми и да го подобрат квалитетот на животот. Целта на психо-социјалната поддршка е да се промовира менталното здравје, социјалното функционирање и целокупната благосостојба.
Присустните покрај тоа што добија корисни информации за услугите кои ги нуди Канцеларијата, имаа можност и директно да се вклучат во дискусија и да разговараат за конкретни проблеми со кои се соочуваат. Дискусијата повеќе се однесуваше на правни проблеми со кои се соочуваат, додека психо-социјалната поддрша се уште останува непрепознаена од жените.
Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2“. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија а ко-финансиран од Шведска.