Бесплатна правна помош
Бесплатната примарна правна помош се обезбедува на начин, во форма и облици уредени со ЗБПП и таа опфаќа:- иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош,
- општа правна информација,
- општ правен совет,
- помош при комплетирање на барањето за секундарна правна помош,
- помош при пополнување на формулари, обрасци издадени од управен орган во управна постапка за: социјална заштита и заштита на правата на децата; пензиско, инвалидско и здравствено осигурување; заштита на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство; постапка за упис во матична книга на родени; стекнување со документи за лична идентификација и државјанство,
- составување на претставки до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител и
- составување на барања за заштита на слободи и права до Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Најчесто поставувани прашања
- Не постојат ограничувања во однос на видовите правни прашања за кои можете да барате примарна правна помош. Сепак имајќи ја во предвид целта на Законот за бесплатна правна помош најчесто се работи за прашања поврзани со: права од областа на социјалното, здравственото, пензиското или инвалидското осигурување, работните односи, заштитата на деца и малолетници, жртви на семејно насилство, заштитата на жртвите од казниви дела, заштитата на жртвите од трговија со луѓе идр.
Бесплатна правна помош може да даваат:
- Здруженија на граѓани – регистрирани во Министерство за правда како даватели на услуги за БПП;
- Адвокати регистрирани во Министерство за правда како даватели на БПП;
- Вработени лица во подрачните одделенија при Министерство за правдават бесплатна правна помош;
- Овластени правни клиники во состав на правни факултети.
Помошта која вклучува пополнување на формулари, обрасци, како и составување на претставки може да се добие само кај овластените здруженија и правните клиники.
- Иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош – како, каде и што добивата со бесплатна правна помош;
- Општа правна информација – основни упатства и информации за начинот, условите и постапката за остварување на определено право или интерес, исполнување на конкретна обврска и упатување на надлежен јавен орган или надлежен суд;
- Општ правен совет – за можностите за решавање на конкретниот правен проблем, законската регулатива, вонсудско решавање, правилата и трошоците на постапката, за извршување на одлуките на постапката, запознавање со правата и обврските на барателите и корисниците на бесплатна правна помош, како и со начинот на давање на правна помош во судски и управни постапки;
- Помош при комплетирање на барање за секундарна правна помош;
- Помош при потполнување на различни формулари/обрасци – издадени од различни институции и постапки за социјална заштита и заштита на права на децата; пензиско, инвалидско и здравствено осигурување; заштита на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство; постапка за упис во матична книга на родени; стекнување со документи за лична идентификација и државјанство и др.;
- Составување на претставки и барања – до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител и барања за заштита на слободи и права до Уставниот суд.
- Право на бесплатна правна помош имаат лицата кои со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.
- Здравствените работници се должни веднаш да извршат преглед и друг медицински третман на жртвата и за истото да ѝ издадат соодветна медицинска документација на жртвата за констатираната повреда, а жртвите на насилство се ослободени од плаќање на трошоците за извршената медицинска услуга и доставената документација.
- Како итни мерки кои по предлог на МВР ги изрекува Судот без согласност на жртвата, а заради отстранување на непосредна и сериозна опасност по животот и физичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство, се изрекува привремена мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот.
- Привремена мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот се изрекува во траење од најмалку 10, а најмногу до 30 дена. Исто по предлог на МВР судот изрекува привремена мерка за заштита забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено.
- предлог за привремена мерка може да изречат Центар за Социјалан Работа и/или Полиција
Постојат 11 привремени мерки кои може да се изречат од судот и тоа:
- забрана да се заканува дека ќе стори насилство;
- забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со жртвата;
- забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува жртвата;
- отстранување од домот без оглед на сопственоста во траење од десет до 30 дена;
- забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
- задолжително да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на жртвата и семејството;
- задолжително законско издржување на семејството;
- задолжително да посетува советувалиште за сторители на насилство врз жени или семејно насилство;
- задолжително лекување на сторителот доколку употребува алкохол, дрога и други психотропни супстанции или има психичко заболување;
- сторителот задолжително да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од насилството и
која било друга мерка која судот ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на жртвата и другите членови на семејството.
- Полицискиот службеник има должност во рок од 12 часа до надлежниот суд да достави предлог за изрекување на привремена мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот.
Овие мерки за заштита се итни и судот ги изрекува во рок од 24 часа.
Мерки на заштита на жртвите од семејно насилство, кои треба да ги обезбеди надлежен Центар за социјални работи наведени се:
- сместување во центар за лица – жртви на семејно насилство;
- соодветна здравствена заштита;
- соодветна психо-социјална интервенција и третман;
- психо-социјален третман во советувалиште;
- помош на семејството за редовно школување на дете;
- правна помош и застапување;
- економско јакнење на жртвата преку нејзино активно вклучување на пазарот на трудот.
- Правна помош во постапка пред надлежен орган и организација се реализира од адвокати и опфаќа: застапување во сите степени во судски и управни постапки и составување на писмени документи во судски и управни постапки.
Значење на одредени поими кои се казниви со Закон:
- „Психичко насилство“ е секое однесување со употреба на присилба, заплашување или закана, кое предизвикува чувство на страв, загрозеност, вознемиреност или повреда на достоинството и психичкиот интегритет на жртвата;
- „Демнење“ е секое намерно однесување на повторено заканување насочено кон друго лице што предизвикува лицето да се плаши за својата безбедност;
- „Економско насилство“ е секое дејствие на ограничување или спречување во остварување и/или располагање со лични приходи и финансиски средства, за одржување на заедничкото домаќинство и за грижа на детето, со што се предизвикува економска зависност на жртвата;
- „Сексуално насилство и силување“ е секое дејствие од сексуална природа, со кој било телесен дел или предмет, на телото на друго лице без негова/нејзина согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува или присилува друго лице да се вклучи во дејствија од сексуална природа со трето лице без негова согласност. Согласноста мора да е изразена доброволно како резултат на слободната волја на лицето, проценета во контекст на околностите;
- „Сексуално вознемирување“ е секое вербално, невербално или физичко однесување од сексуална природа што има за цел или последица повреда на достоинството на лицето, особено кога се создава заканувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива средина;
- „Сексуално вознемирување преку интернет“ е секое вербално, невербално или друго постапување од сексуална природа, што има за цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика, преку електронските средства за комуникација;
- „Присилен брак“ е присилување, намамување, доведување во заблуда, закана или на друг начин принудување на возрасен или дете да стапат во брак или вонбрачна заедница;
- „Трговија со жени“ е дејствие со кое преку сила, сериозна закана, жртвата се доведува во заблуди или други форми на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна бременост, незаконито посвојување или нему сличен однос, питачење или експлоатација заради со закон забранета активност или недопуштено пресадување делови од човековото тело
- „Присилна контрола врз жените“ е злоупотреба на моќ, употреба на закани, сила или други форми на присила, измама или погрешно прикажување со цел да се контролира однесувањето и животот на жените.