ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

ОЖОСВН

За нас

Лична карта на ОЖ на Општина Свети Николе

Организација на жените на општина Свети Николе е здружение на граѓани формирано врз основа на слободно здружување на граѓаните за остварување на нивните интереси и превземање на активности за подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и на децата и младите.

Организацијата е продолжување на поранешното женско движење во Македонија и од 1990 година дејствува како независна организација. На 28 декември, 1998 г. Организациjата се регистрира во согласност со новиот Закон за граѓани и фондации, а во април 2011 година се пререгистрира во согласност со новиот Закон за здруженија и фондации на Р.Македонија.

Даниела Панева

Претседателка на ОЖОСВН
pexels-andrea-piacquadio-3830752

30 години постоење

Нашата програма

Ние сме посветени на нашите цели

Здравствена програма

Пружаме помош и поддршка на жени заболени и лекувани од малигни заболувања (психолошка поддршка, бесплатни перики, турбани и др.)

Програма за млади и деца

Ние работиме на надоградување на Вашите знаења и вештини преку разни форми на неформално образование.

Програма за човекови права

Целиме кон почитување и унапредување на човековите права, со акцент на правата на жените како и зголемено учество во донесувањето на одлуки.

Доколку имаме заеднички интереси

Ние сме отворени за секого.

Приклучи се на нашата организација.

Визија Мисија
Визија

ОЖОСВН е лидер во женското движење и располага со човечки и технички
капацитети кои можат да влијаат на подобрување на општата состојба на граѓаните во општината и во републиката.

Мисија

ОЖОСВН придонесува за подобри услови за соодветна здравствена заштита на
жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествениот
живот и почитување и заштита на човековите права со акцент на правата на жените.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен