Психо-социјална поддршка
ОЖОСВН нуди услуги за доверливо психо-социјално советување или друг вид на психолошка помош и поддршка зависно од потребите и штетата која корисниците ја претрпеле.
Психо-социјалната помош и поддршка е наменета за сите лица од маргинализирани заедници и во социјален ризик, како и на барателите на примарна правна помош и корисниците на секундарна правна помош и покрај другото, истата опфаќа индивидуално и групно советување, кое има за цел:
- зајакнување на отпорноста на стрес на барателите;
- оспособување на личноста да се поврати и заздрави од кризата и
- поефикасно справување со критични случувања во иднината.
Психо-социјалното советување вклучува насочување во справување со емоционалното, когнитивното, душевното и физичкото добро на корисниците.
Психо-социјалната поддршка опфаќа индивидуална и/или групна поддршка на корисниците кои се наоѓаат во кризна состојба, состојба на социјален ризик или се во состојба на промена на своите животни навики, однесување, начин на живеење и функционирање.
Психо-социјалната помош и поддршка се обезбедува со примена на психолошки методи и техники на работа со кои се овозможува советување и мотивирање на корисникот/чката и придонесува кон личен развој на корисничката/кот.
Психо-социјалната поддршка во канцеларијата на ОЖОСВН ја обезбедува психологот Емина Петкова