Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2
Времетраење на проектот: 01/08/2022 – 31/01/2024
Локација: Општина Свети Николе/Вардарски Плански Регион
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Да се обезбеди полесен пристап до правда за жени и девојки од маргинализирани групи од општина Свети Николе и околината преку ефективно и достапно спроведување на Законот за бесплатна правна помош
Специфична цел:
Да се подобри пристапот до правда и поддршка во надминување на прекршувањето на правата на жените и девојките од маргинализираните групи
Целни групи:
– Маргинализирани поединци и заедници на територијата на општина Свети Николе, жени и млади
– Релевантни локални/регионални институции од општина Свети Николе и Вардарскиот регион
Резултати:
1.1. Континуирано обезбедување на иновативен пакет на услуги
1.2. Информирани граѓани за достапноста и можностите за користење бесплатна правна помош
1.3. Зајакната соработка со релевантни чинители за полесен пристап до правда и надминување на состојбите предизвикани од повреда на правата
Активности:
1. Функционирање на канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка во OЖОСВН
2. Реализација на информативна јавна кампања за заштита на правата на маргинализираните заедници преку иновативен пакет на услуги (правна и психо-социјална поддршка)
3. Зајакнување на соработката на различни локални актери во интерес на подобрување на пристапот до правда за маргинализираните луѓе и заедници
Буџет: 20.000 евра
Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија а ко-финансиран од Шведска
Е-билтен
Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.