ОПЕРАТИВЕН ГРАНТ – Smart Balkans

Времетраење на проектот: 02/01/2023 – 31/12/2024

Локација: Општина Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Подобрена целокупна работа, активно функционирање и позиционирање на ОЖОСВН

Специфични цели:

СЦ 1 – Подобрена одржливост на Организација на жените на општина Свети Николе

СЦ 2 – Да се зголеми видливоста на Организацијата и нејзиното влијание во придонес кон превземање иницијативи и делување врз општествени промени

СЦ 3 – Унапредена и промовирана Здравствена програма на ОЖОСВН

Целни групи:

Целна група на OЖОСВН, а со тоа и на овој проект, се сите граѓани, без разлика на нивната припадност и определба по која било основа. Директниот фокус е на жените и младите, но и децата, маргинализираните групи и граѓани во понеповолна социјална положба, како и жени и девојки заболени и лекувани од малигни заболувања.

Резултати:

Р1:

1.1 Доследна примена на интерни системи и политики

1.2 Диверзификација на донатори и извори на финансирање

1.3 Оперативно и унапредено управување и работење на извршната канцеларија на ОЖОСВН

Р2:

2.1 Подобрена информираност на целни групи, поддржувачи, членство и општа јавност

2.2 Градење на партнерства со институции, организации, бизнис сектор

Р3:

3.1 Реализирана кампања за промоција на групата за самопомош

3.2 Мапирани потреби на жените заболени и лекувани од малигни болести

Активности:

А1.1.1 Дводневна работилница за раководење со проекти за ангажирани лица – храна, освежување,материјали за работилница, изнајмување на простор, патни трошоци (10 учесници)

А1.1.2 Следење и практична примена на интерни процедури

А1.2.1 Креирање и примена на стратегија за диверзификација на донатори и извори на финансирање

А1.3.1 Дводневна работилница за подготовка на стратешки план 2024-2027

А2.1.1 Зголемување на информираноста и видливоста на ОЖОСВН кон конституентите

А2.2.1 Проширување на мрежа на партнери и соработници

А3.1.1 Набавка на ортопетски помагала за жени и девојки заболени и лекувани од малигни болести

А3.1.2 Унапредување и промовирање на здравствената програма (промотивни материјали, видеа, трибини, хонорари, патни трошоци, освежување идр.)

А3.3.1 Спроведување на истражување за потреби на жените заболени и лекувани од малигни болести

Буџет: 306.000 NOK

Проектот е поддржан од програмата SMART Balkans финансирана од Министерството за надворешни работи од Кралството Норвешка и имплементиран од конзорциум на следниве граѓански организации: Центар за промоција на граѓанското општество (CPCD) од Босна и Херцеговина, како водечки партнер, Центар за истражување и креирање политики (CRPM) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (IDM) од Албанија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен