
Официјално име на проектот: Локален компас кон еднаквост
Времетраење: 01.08.2025 – 31.03.2026
Локација / Територијален опфат:
Вардарски плански регион (Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија)
Имплементатор:
Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел:
Зајакнување на локалните самоуправи во Македонија за системско интегрирање на родовата еднаквост во процесите на донесување одлуки, креирање локални политики и испорака на услуги, со цел поттикнување поинклузивни и порамноправни заедници.
Специфична цел:
Придонес кон инклузивно, транспарентно и родово одговорно локално управување, преку обезбедување дека општинските политики, буџети и одлуки ги земаат предвид потребите и приоритетите и на жените и на мажите.
Активности:
- Проценка и развој на алатки за интегрирање на родовата перспектива:
- Истражување и мапирање на постојните општински практики;
- „Прошетка по заедницата“ низ родова перспектива;
- Дводневна консултативна работилница;
- Еднодневна работилница за валидизација;
- Изработка на Прирачник за интегрирање на родови перспективи во локалните политики.
- Градење капацитети на локалните службеници:
- Развој на модули за обука;
- Тридневна интерактивна регионална обука за практична примена на алатките од прирачникот.
- Промоција и дисеминација:
- Организирање регионална конференција во Свети Николе;
- Дисеминација и промоција на родово-одговорни алатки и упатства во општините од Вардарскиот регион.
Буџет: 37.400 ЕУР
Поддржан од:
The Kvinna till Kvinna Foundation (Шведска)
Финансиран од UK International Development
Програма: Човекови права
