
Име на проектот:
Едукација и застапување за превенција од малолетнички бракови во Општина Свети Николе
Времетраење:
20/11/2025 – 20/11/2026
Локација / Територијален опфат:
Свети Николе
Имплементатор:
Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел:
Зголемување на знаењето за распространетоста и последиците од малолетничките бракови во Македонија, како основа за носење информирани одлуки и унапредување на институционалниот одговор.
Специфична цел:
Зајакнување на знаењата и професионалните компетенции на стручните служби во училиштата за рано препознавање и соодветно постапување во случаи на ризик од малолетнички бракови.
Активности:
- изработка на документ за политики – Policy brief во кој прецизно ќе го дефинираме проблемот и неговата општествена основа како и начинот на кој него го опфаќаат институциите;
- Новинарско истражување и новинарска сторија која во фокусот ќе го има проблемот со малолетничките бракови;
- анкетни прашалници за институциите(училишта,полиција и ЦСР Свети Николе);
- Интервјуа со психолог, адвокат, гинеколог;
- Реализација на три едукативни работилници со ученици во три основни училишта;
- Дизајн на водич за интервјуа и фокусни групи;
- Организирање на две фокус групи со лица кои имаат стапено во малолетнички бракови или нивни родители;
- Кампања со слоган, визуелна препознатливост и пораки насочени кон активирање на граѓаните и алармирање на институциите. Кампањата ќе биде спроведувана на Facebook и на нашиот website.
Буџет:
2.400,00 ЕУР
Проектот е грант/ре-грант од:
European Union, Локал Актив Вардар и РЕСИС – во рамки на План за циклус на застапување преку апликација за мали суб-грантови.
Програма / Категорија:
Програма за деца и млади
