Проект: Заедно во борба против ракот на дојка – 2

Времетраење: 01.01.2021-31.12.2021

Локација: Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Зајакнување на  самодовербата на жените од групата за самопомош и новозаболените жени за полесно прифаќање на болеста и полесно надминување на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со лекар и психолог, психосоцијална помош и поддршка преку одржување на серија сесии  на психотерапија од лиценциран психотерапевт како и подобрена здравствена состојба на жените преку физички вежби и запознавање на начините за превенција и навремена заштита од вирусните инфекции и подмолни болести.

Активности:

  • Реализирање на Едукативни и терапевтски работилници водени од лекарка, психолог и психотерапевт на различни теми;
  • Работилници со физички и креативни вежби водени од професорки по физичка култура;
  • Одржување на индивидуални средби со новозаболени жени и други активности;
  • Одржување на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе;
  • Набавка на перики и организирана посета на гинеколог, ехо и мамографски прегледи;
  • Изработка на Правилник за утврдување на критериуми за доделување на средства од Фондот за жените заболени и лекувани од малигни заболувања.

Буџет: 150.000 МКД

Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе

Категорија: Здравствена програма

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен