
Име на проектот:
Чекориме од зајакнување кон промена
Времетраење:
01/10/2025 – 31/12/2028
Локација / Територијален опфат:
Вардарски и Источен дел на Северна Македонија (општините Свети Николе, Велес, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Пробиштип, Виница, Кочани, Берово, Делчево и Пехчево).
Имплементатор:
Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел:
Да придонесе кон подобар квалитет на живот на жените и девојките на локално ниво во општините од Вардарскиот и Источниот дел на Северна Македонија преку создавање можности за нивна поддршка и активно и ефективно вклучување и учество.
Специфична цел:
Да го зголеми активното учество, свеста за женските права, родовата еднаквост, психо-социјалната благосостојба и пристапот до правда за жените и девојките во вардарскиот и источниот дел на Северна Македонија.
Активности:
– А 1.1.1 Функционирање на канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка во ОЖОСВН
– А 1.2.1 Информативна кампања за услугите на ОЖОСВН
– А 1.3.1 Зајакнување на соработката на различни локални актери во интерес на подобрување на пристапот до правда за маргинализираните лица и заедници – Регионален мрежен состанок
– А 2.1.1 Организирање на различни активности за одбележување на „16 дена активизам против родово базирано насилство“
– А 3.1.1 Зајакнување на капацитетите на советниците и клучната локална администрација на општина Свети Николе
– А 3.2.1 Подобрување на можностите и пристапите за подобро вклучување на жените во креирањето на локалните политики
- А 3.2.1а Работни состаноци со релевантни локални чинители пред годишното планирање на локалните програми
- А 3.2.1б Мониторинг на консултации / средби меѓу жени и локални службеници
- А 3.2.1в Заеднички состаноци со советници, службеници и жени за отворање дијалог и отворено зборување за важни прашања за жените во општина Свети Николе
– А 4.1.1 Организирање на 10 форуми за девојки во 10 општини од Вардарскиот и Источниот дел на Северна Македонија, запознавање со нивните права, родова еднаквост и активизам
– А 4.2.1 Градење феминистичко локално движење преку јакнење на девојките
– А 4.2.1а Зајакнување на самодовербата, лидерството и меките вештини на менторките
– А 4.2.1б Заедно растеме во лидери во заедницата
– А 5.1.1 Инвестирање во персоналот, волонтерите и активните членови на ОЖОСВН за мотивација и поголема ефикасност и ефективност во спроведувањето на програмите и градење долгорочна организациска одржливост
- А 5.1.1а Учество во обуки за зајакнување на капацитетите и вмрежување
- А 5.1.1б Тридневна активност за градење капацитети и тимска работа
– А 5.2.1 Организирање партиципативни работилници за креирање стратешки и организациски документи
- А 5.2.1а Организирање годишен состанок за планирање и евалуација на достигнувањата, усогласување на годишното планирање на програмата со Стратешкиот план и обезбедување конзистентност со организациските цели
- А 5.2.1б Подготовка на Стратешки план 2027 – 2030
- А 5.3.1 Организирање настани и активности за зголемена видливост и препознавање на организацијата – Настан „Поврзи се и делувај“
- А 5.3.2 Зајакнување на медиумското присуство и комуникација со засегнатите страни
- А 5.3.3 Градење партнерства и мрежи за заеднички иницијативи
Буџет:
152.305 евра
Проектот е грант од:
The Kvinna till Kvinna Foundation и Кралството Шведска
Категорија:
Човекови права
