ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Јаки жени, ја јакнат заедницата – II

Времетраење: 01/01/2021 – 31/12/2023

Локација/Регион: Вардарски плански регион (рурални средини: Горобинци, Иванковци, Корешница, општина Кавадарци, Неготино, Велес, Демир Капија, Свети Николе), Источен плански регион (општина Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово).

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Подобрен квалитет на живот за жените и девојките на локално ниво, преку креирање можности за нивно активно и ефективно вклучување и учество.

 

Резултат 1: Подобрени услови за градење на родово-сензитивно општество во кое женските човекови права се почитувани и жените се активни чинители во заедницата.

Резултат 2: Зајакнати организациски капацитети во насока на постигнување на мисијата и стратешките цели.

 

Активности:

 1.1.1.  2 дводневни тренинзи за концептот на родовa еднаквост, мобилизација на заедницата и застапување, наменети за зајакнување на капацитетите на членовите на локалната група за родова еднаквост

1.1.2. Подготвување на Правилник за функционирање на локалната група за родова еднаквост

1.1.3. Развој на План и работна програма на локалната група за родова еднаквост

1.2.1. Мониторинг на локалните политики, процесите на донесување одлуки и подготовка и трошење на локалниот општински буџет

1.2.2. Еднодневна основна работилница за концептот на родова еднаквост за градење на родово-сензитивни локални институции

1.2.3. Дводневен основен тренинг за родова еднаквост и следење на локалните политики од родов аспект, за членовите на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при општина Свети Николе и новите членови на општинскиот Совет

1.3.1. 9 едукативни еднодневни работилници за женски активизам и учество во локалните политики и процеси на донесување одлуки за жените од рурални средини од Вардарскиот плански регион

1.3.2. Имплементирање на 3 локални акции/иницијативи покренати и водени од жени од рурални средини

1.4.1. 10 Форуми за женски права, родова еднаквост и активизам за девојки и млади жени од општините во Вардарскиот и Источниот плански регион (Свети Николе, Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Берово, Делчево, Кочани, Виница и Штип)

1.4.2. Онлајн кампања за подигање на свеста за женските човекови права и родова еднаквост за девојки и млади жени

1.4.3. Тридневен тренинг за родова еднаквост, женски активизам и учество наменет за девојки и млади жени од Вардарскиот и Источниот плански регион

1.4.4. 10 активности/настани за дисеминација за подигање на нивото на свесност и интерес кај девојките и младите жени во однос на женските човекови права и родовата еднаквост

1.4.5. 15 едукативни и информативни трибини за подигање на свеста на жените и девојките за женските човекови права и родовата еднаквост

2.1.1. 3 дводневни тренинзи за Акциски план и мониторинг на Стратешкиот план; прибирање средства и диверзификација на извори на финансирање; застапување базирано на докази за членовите на извршната канцеларија и активните членови на организацијата

2.1.2. Зголемена транспарентност и видливост на ОЖОСВН во однос на нејзините конституенти

2.1.3. 3 дводневни работилници за евалуација и планирање на годишна програма

 

  • Буџет:  104.259 EURO

 

                                          Проектот е финансиран од Фондација Kvinna till Kvinna, Шведска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен