Времетраење: 01/02/2024 – 31/12/2024
Локација: Општини од Вардарски и Источен плански регион (Свети Николе, Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Пехчево, Пробиштип, Делчево, Виница, Кочани)
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Да се зајакне активното учество, свеста за правата на жените, родовата еднаквост, психо-социјалната благосостојба и пристапот до правда за жените и девојките во Вардарскиот и Источниот дел на С. Македонија.
Резултати:
Р 1. Подобрен пристап до правда и поддршка за надминување на прекршувањето на правата на жените и девојките од маргинализирани групи.
Р 2. Девојки, млади жени и жени охрабрени да се вклучат во активности за почитување на нивните права и подобрување на условите за жените во нивните заедници.
Р 3. Зајакнати организациски капацитети за остварување на мисијата и стратешките цели.
Активности:
Активност 1.1.1- Функционирање на канцеларијата за бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка во ОЖОСВН
Активност 1.2.1- Информативна кампања
Активност 1.3.1- Зајакнување на соработката на различни локални актери во интерес на подобрување на пристапот до правда за маргинализираните луѓе и заедници – Регионален состанок за вмрежување
Активност 2.1.1- Следење на локалните политики и процеси
Активност 2.1.2- Регионална конференција за жени „Навигација низ минатото, обликување на иднината“
Активност 2.2.1- Обука за граѓански ангажман и вклучување на девојки и млади жени во заедницата
Активност 2.2.2- Емотивна моќ на монодрамата со рефлективен дијалог и создавање простор за значајни разговори меѓу девојки, млади жени и жени „Шепоти во огледало“
Активност 3.1.1- Развој и унапредување на ресурсите и капацитетите на ОЖОСВН да дејствува по потребите на своите целни групи и да ги постигне организациските цели на професионален, ефективен и транспарентен начин
Активност 3.1.2- Дводневна работилница за евалуација и годишна програма за планирање на ОЖОСВН за 2025
Активност 3.1.3- Развој на различни извори на финансирање и одржливост на ОЖОСВН
Буџет: 44.415€
Финансиран од: The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм – Шведска