Времетраење: 01/04/2024 – 31/03/2025
Локација: Национално ниво
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Да се зајакне капацитетот и ефективноста на локалните граѓански организации кои работат на родово засновано насилство и човекови права од Северна Македонија, во застапувањето за политики засновани на докази, подигање на свеста за родовото насилство и создавање влијателни приказни за општествени промени.
Резултати:
Р 1. Зголемени капацитети на локални ГО за да застапуваат врз основа на докази за прашања од родово засновано насилство и да ги визуелизираат соодветно за да предизвикаат повлијателни кампањи и иницијативи за застапување и промени.
Р 2. Подигната свест кај пошироката јавност за различните форми на насилство, со фокус на родово засновано насилство и други прекршувања на човековите права.
Р 3. Локалните женски организации и организации кои работат на човекови права имаат заеднички теми, предизвици и можности за идна соработка и активизам – Follow up настан.
Активности:
Активност 1.1.1- Обука за зајакнување на капацитетите на локалните граѓански здруженија за застапување базирано на докази и визуелизација на податоци
Активност 1.1.2- Прирачник за интерпретација на податоци, изработка на пораки и како да се планираат кампањи за застапување
Активност 1.1.3- Менторска поддршка за практикување на застапување преку иницијативи кои се однесуваат на родово засновано насилство и прашања за човековите права
Активност 2.1.1- Онлајн информативна кампања за застапување за подигање на свеста против родово засновано насилство и прекршување на човековите права
Активност 3.1.1- Реализација на завршен настан на проектот – Follow up настан
Буџет: 26.670€
Финансиран од: UK International Development во партнерство со The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм – Шведска