Локален компас кон еднаквост

 

Официјално име на проектот: Локален компас кон еднаквост

Времетраење: 01.08.2025 – 31.03.2026

Локација / Територијален опфат:
Вардарски плански регион (Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија)

Имплементатор:
Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел:
Зајакнување на локалните самоуправи во Македонија за системско интегрирање на родовата еднаквост во процесите на донесување одлуки, креирање локални политики и испорака на услуги, со цел поттикнување поинклузивни и порамноправни заедници.

Специфична цел:
Придонес кон инклузивно, транспарентно и родово одговорно локално управување, преку обезбедување дека општинските политики, буџети и одлуки ги земаат предвид потребите и приоритетите и на жените и на мажите.

Активности:

  1. Проценка и развој на алатки за интегрирање на родовата перспектива:
  • Истражување и мапирање на постојните општински практики;
  • „Прошетка по заедницата“ низ родова перспектива;
  • Дводневна консултативна работилница;
  • Еднодневна работилница за валидизација;
  • Изработка на Прирачник за интегрирање на родови перспективи во локалните политики.
  1. Градење капацитети на локалните службеници:
  • Развој на модули за обука;
  • Тридневна интерактивна регионална обука за практична примена на алатките од прирачникот.
  1. Промоција и дисеминација:
  • Организирање регионална конференција во Свети Николе;
  • Дисеминација и промоција на родово-одговорни алатки и упатства во општините од Вардарскиот регион.

Буџет: 37.400 ЕУР

Поддржан од:
The Kvinna till Kvinna Foundation (Шведска)
Финансиран од UK International Development

Програма: Човекови права

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен