
Име на проектот:
Не чекаме промени – ги создаваме
Времетраење:
01/07/2026 – 31/12/2026
Локација/Територијален опфат на проектот:
Општина Свети Николе
Имплементатор:
Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел:
Општата цел на проектот е да се зајакне учеството и лидерството на девојки од Свети Николе во локалната заедница преку развој на нивните лидерски, комуникациски и застапувачки вештини и нивно активно вклучување во иницирање локални промени.
Активности:
Активностите на проектот се насочени кон 16 девојки на возраст од 15 до 18 години од Свети Николе, кои се дел од менторската програма на ОЖОСВН „Растеме заедно во лидерки во заедницата“. Станува збор за девојки од различни социјални и образовни средини, вклучувајќи девојки од градот и руралните средини, кои имаат потенцијал и интерес за активно учество во заедницата, но имаат ограничени можности за развој на лидерски и застапувачки вештини. Проектот ќе им овозможи безбеден и поддржувачки простор за учење, меѓусебна поддршка, развој на самодоверба и активно вклучување во иницијативи и процеси на донесување одлуки во локалната заедница. Крајни корисници на проектот се самите девојки учеснички, но и пошироката локална заедница, особено млади девојки и жени, кои ќе имаат придобивки од иницијативите и застапувачките активности реализирани во рамки на проектот, но и по завршување на истиот. Дополнително, проектот ќе придонесе кон поголема видливост и препознавање на потребите и потенцијалот на младите девојки од страна на креаторите и носителите на одлуки.
Буџет:
430.014 мкд
Проектот е грант од:
Акција Здруженска – Скопје преку German Women’s Fund filia die frauenstiftung
Категорија:
Програма за деца и млади
