Времетраење: 01.01.2023– 31.12.2023
Локација: Општина Свети Николе
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Цел и задача на проектот наменет за групата за самопомош е да се зајакне самодовербата на жените од групата и новозаболените жени полесно да ја прифатат болеста заради полесно надминување на последиците од болеста.
Проектот ќе биде наменет и за едукација за превенција од рак на дојка и матка, да се охрабрат жените секоја година да прават ехо преглед на дојка, редовни контроли и по потреба мамографски прегледи како и гинеколошки и редовни месечни самопрегледи.
За да успееме да ги реализираме нашите цели, имаме потреба од ангажирање на стручни лица кои можат да го постигнат тоа преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со доктор и психолог и физиотерапевт.
Активности:
· Реализирање на едукативни и терапевтски работилници водени од лекарка, психолог и на различни теми со групата за самопомош;
· Работилници со физички и креативни вежби водени од сертицифиран физиотерапевт со групата за самопомош
· Одржување на индивидуални средби со новозаболени жени
· Заедничка посета на црква/манастир или друг објект од археолошко значење
· Одржување на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе;
· Набавка на ортопедски помагала – градници и перики и организирана посета на гинеколог како и вршење на ехо и мамографски прегледи
· Реализирање на едукативни работилници во рурални средини за превенција од рак на дојка и матка
· Реализирање на едукативни работилници во рурални средини за ментално и физичко здравје
· Организирана посета за ехо и мамографски прегледи на жени од руралните средини
Буџет: 200.000 МКД
Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе