Проект: Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024

  • Почетна
  • Проекти
  • Проект: Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024

Времетраење: 01.01.2024-31.12.2024

Локација: Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Цел и задача на проектот наменет за групата за самопомош е да се зајакне самодовербата на жените од групата и новозаболените жени полесно да ја прифатат болеста заради полесно надминување на последиците од болеста.

Проектот ќе биде наменет и за едукација за превенција од рак на дојка и матка, да се охрабрат жените секоја година да прават ехо преглед на дојка, редовни контроли и по потреба мамографски прегледи, како и гинеколошки и редовни месечни самопрегледи.

За да успееме да ги реализираме нашите цели, ќе ја продолжиме континуираната поддршка преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со лекар, психолог и физиотерапевт.

Активности: 

  • Реализирање на едукативни работилници водени од лекар и психолог,  на различни теми со групата за самопомош;
  • Реализирање на едукативни работилници во рурални средини за превенција од рак на дојка и матка;
  • Реализирање на едукативни работилници во рурални средини за ментално и физичко здравје;
  • Работилници со физички и креативни вежби со групата за самопомош, водени од сертицифиран физиотерапевт;
  • Одржување на индивидуални средби со новозаболени жени од карцином на репродуктивните органи;
  • Заедничка посета на црква/манастир или друг објект од археолошко значење;
  • Учество на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе.

Буџет: 200.000 МКД

Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен