Времетраење: 01.01.2020 – 31.12.2020
Локација: Свети Николе
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Зајакнување на самодовербата на жените од групата за самопомош и новозаболените жени за полесно прифаќање на болеста и полесно надминување на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со доктор и психолог, како и психосоцијална помош и поддршка преку одржување на серија психотерапевтски сесии од страна на лиценциран психотерапевт.
Активности:
- Реализирање на едукативни и терапевтски работилници водени од лекарка, психолог и психотерапефт на различни теми;
- Работилници со физички и креативни вежби водени од професорки по физичка култура;
- Студиска посета и посета на некој македонски манастир;
- Одржување на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе;
- Набавка на ортопедски помагала – перики;
- Одржување на on-line креативни работилници;
- Лобирање за донација на турбани од локалната конфекција „ Мода“ Свети Николе;
- Делење на маски, визири и пакети со средства за дезинфекција.
Буџет: 150.000 МКД
Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе