Проект: Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка
Времетраење: 01.01.2022– 31.12.2022
Локација: Свети Николе
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Зајакнување на самодовербата на жените од групата. Посета и разговори со новозаболените жени полесно да ја прифатат болеста заради полесно надминување на последиците од болеста. Сето тоа можат да го постигнат преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со доктор и психолог, психосоцијална помош и поддршка преку одржување на серија сесии на психотерапија од лиценциран психотерапевт како и подобрена здравствена состојба на жените преку физички вежби и тераписки вежби од физиотерапевт.
Активности:
· Реализирање на едукативни и терапевтски работилници водени од лекарка, психолог и психотерапевт на различни теми;
· Работилници со физички и креативни вежби водени од професорки по физичка култура;
· работилници со тераписки вежби изведувани од сертицифиран физиотерапевт.
· Одржување на индивидуални средби со новозаболени жени
· Студиска посета на друга организација која рабти со ваква целна група
· Одржување на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе;
· Набавка на ортопедски помагала – градници и перики и организирана посета на гинеколог како и вршење на ехо и мамографски прегледи
Буџет: 150.000 МКД
Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе
Е-билтен
Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.