Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Проект: Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка

Времетраење: 01.01.2022– 31.12.2022

Локација: Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Зајакнување на самодовербата на жените од групата. Посета и разговори со новозаболените жени полесно да ја прифатат болеста заради полесно надминување на последиците од болеста. Сето тоа можат да го постигнат преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со доктор и психолог, психосоцијална помош и поддршка преку одржување на серија сесии на психотерапија од лиценциран психотерапевт како и подобрена здравствена состојба на жените преку физички вежби и тераписки вежби од физиотерапевт.

Активности:

· Реализирање на едукативни и терапевтски работилници водени од лекарка, психолог и психотерапефт на различни теми;

· Работилници со физички и креативни вежби водени од професорки по физичка култура;

· работилници со тераписки вежби изведувани од сертицифиран физиотерапефт.

· Одржување на индивидуални средби со новозаболени жени

· Студиска посета на друга организација која рабти со ваква целна група

· Одржување на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе;

· Набавка на ортопедски помагала – градници и перики и организирана посета на гинеколог како и вршење на ехо и мамографски прегледи

 

Буџет: 150.000 МКД

Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен