ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Проект: Заедно во борба против ракот на дојка

Времетраење: 01.01.2020 – 31.12.2020

Локација: Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Зајакнување на самодовербата на жените од групата за самопомош и новозаболените жени за полесно прифаќање на болеста и полесно надминување на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна здравствена и психолошка едукација со доктор и психолог, како и психосоцијална помош и поддршка преку одржување на серија  психотерапевтски сесии од страна на лиценциран психотерапевт.

Активности:

  • Реализирање на едукативни и терапевтски работилници водени од лекарка, психолог и психотерапефт на различни теми;
  • Работилници со физички и креативни вежби водени од професорки по физичка култура;
  • Студиска посета и посета на некој македонски манастир;
  • Одржување на еден локален настан – розева прошетка – со општата јавност, жени од општина Свети Николе;
  • Набавка на ортопедски помагала –  перики;
  • Одржување на on-line  креативни  работилници;
  • Лобирање за донација на турбани од локалната конфекција „ Мода“ Свети Николе;
  • Делење на маски, визири и пакети со средства за дезинфекција.

Буџет: 150.000 МКД

Финансиран од: Локална самоуправа на општина Свети Николе

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен