Родова перспектива на потребите, политиките и буџетот на општина Пробиштип

  • Почетна
  • Проекти
  • Родова перспектива на потребите, политиките и буџетот на општина Пробиштип

Локација: општина Пробиштип

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Да се придонесе кон градење на интегративни родово сензитивни локални програми

Специфични цели:

1. Да се унапредат консултативните процеси при креирање на локални политики со вклучување на девојките и жените на локално ниво

2. Да се придонесе кон унапредени родово сензитивни програми и политики на општина Пробиштип со осврт на Програма за социјална, детска и здравствена заштита, Програма за еднакви можности

Очекувани резултати:

– Изготвени заклучоци и препораки за унапредување на консултативните процеси во општина Пробиштип

– Унапреден процес на креирање родово сензитивни политики во општина Пробиштип

Активности:

А1.1. Спроведување на истражување за унаредување на консултативните процеси во општина Пробиштип

A1.1.1 Реализирање на анкетно истражување на жени и девојки од општина Пробиштип за нивната информираност и вклученост во процесите на креирање и усвојување на локални политики и програми

А1.1.2 Реализирање на истражување за работата и функционалноста на локалните механизми за родова еднаквост и одговорните за креирање на програми, политики и буџет во општина Пробиштип

А 2.1 Спроведување активности за унапреден процес на креирање родово сензитивни политики во општина Пробиштип

А2.1.1 Следење и родова анализа на програмата за социјална, детска и здравствена заштита и програма за еднакви можности

А2.1.2 Спроведување на процес на застапување за прифаќање на препораки и нивно интегрирање во локалните програми и политики

Буџет: 4095 евра

Финансиран: регрантиран од Центар за истражување и креирање политики, Скопје преку проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен