Вклучени млади, силни заедници

Времетраење на проектот: 01/09/2022 – 30/06/2023

Локација: Општина Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Придонес кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница

Специфична цел:

Да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе 

Целни групи:

Општинска администрација и Совет на општина Свети Николе, Локален младински совет, локални граѓански организации

Крајни корисници: Млади од општина Свети Николе

Резултати:

Р1 – Oпштинските акти се усогласени за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики

Р2 – Локалните механизми за младинско учество се функционални и ефикасни во согласност со законските прописи и обврски

Активности:

A1.1 – Ревидирање и застапување за усогласување на општинските акти, програми и политики со Законот за младинско учество и младински политики

A2.1 – Исполнување на предуслови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво

Буџет: 13.700 евра

Проектот е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен