Програма за човекови права

Програма

Човекови права/права на жената

pexels-anna-shvets-3900468

Програмата за човекови права има за цел да придонесе кон промовирање и почитување на човековите права со акцент на правата на жените, елиминирање на сите форми на дискриминација и насилство врз жените, како и поголема родова еднаквост. Преку оваа програма ОЖОСВН, има за цел подигање на јавната свест кај жените, но и младите, за постоењето на проблемите со семејно насилство, трговија со луѓе, нивно препознавање и последиците од сето тоа, родовата еднаквост и почитување на родот и полот, како и поголема свесност за формите и основите на дискриминација. Во рамките на програмата се работи и на донесување на јавни документи, како и на поголемо учество на жените и граѓаните во процесите на донесување одлуки, со акцент на жените и девојките од руралните средини.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен