За нас
Лична карта на ОЖ на Општина Свети Николе
Организација на жените на општина Свети Николе е здружение на граѓани формирано врз основа на слободно здружување на граѓаните за остварување на нивните интереси и превземање на активности за подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и на децата и младите.
Организацијата е продолжување на поранешното женско движење во Македонија и од 1990 година дејствува како независна организација. На 28 декември, 1998 г. Организациjата се регистрира во согласност со новиот Закон за граѓани и фондации, а во април 2011 година се пререгистрира во согласност со новиот Закон за здруженија и фондации на Р.Македонија.

Даниела Панева
Претседателка на ОЖОСВН
30 години постоење
Нашата програма
Ние сме посветени на нашите цели
Доколку имаме заеднички интереси
Ние сме отворени за секого.
Приклучи се на нашата организација.
Визија
Мисија
Визија
ОЖОСВН е водечка сила на женското и граѓанското движење која
создава позитивни промени во општеството и придонесува за општа благосостојба на сите
граѓани.
Мисија
ОЖОСВН активно работи за подобар квалитет на живот на граѓаните
и граѓанките и почитување на човековите права со акцент на правата на жените и девојките.