Менталното здравје и стареењето – можности за плоден придонес за себе и за заедниците

  • Почетна
  • Новости
  • Менталното здравје и стареењето – можности за плоден придонес за себе и за заедниците

Во рамки на активностите посветени на месецот за борба против ракот на дојка, нa 29.10 во пријатна и топла атмосфера се одржа информативна средба со жени – пензионерки во Пензионерскиот дом во Свети Николе. Настанот имаше за цел да потсети на важноста на превенцијата и редовните лекарски прегледи и од друга страна да се подигне свеста кај овие жени за грижата за менталното здравје.

Нашиот психолог при Канцеларијата за бесплатна правна и психосоцијална помош и поддршка, Емина Петкова на средбата зборуваше за „Менталното здравје и стареењето – можности за плоден придонес за себе и за заедниците“. Преку отворен и неформален разговор со присутните беа споделени корисни и практични совети поврзани со здрави животни навики, значењето на навремената превенција и улогата на психолошката поддршка во секојдневниот живот. Во текот на разговорите беше нагласено дека здравјето не претставува само отсуство на болест, туку целосна рамнотежа помеѓу телото и умот. Грижата за себе, одржувањето на позитивен став, како и меѓусебната поддршка беа истакнати како значајни елементи за подобар квалитет на живот и поголема психичка стабилност.

Присутните активно се вклучија во дискусијата, споделувајќи лични искуства, размислувања и прашања, што придонесе за создавање атмосфера на доверба, разбирање и заедништво. Организаторите изразија благодарност до сите учесници за убавата енергија, искрените разговори и подготвеноста отворено да се зборува за здравјето, храброста и поддршката меѓу жените.

Средбата беше реализирана во соработка на Општина Свети Николе и ОЖОСВН, со заедничка порака дека превенцијата спасува животи, а психичката сила и грижата за менталното здравје лекуваат одвнатре и создаваат посилна и посвесна заедница.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен