Инфографик: Како грижата за децата ги држи жените надвор од работна сила во Северна Македонија?

  • Почетна
  • Новости
  • Инфографик: Како грижата за децата ги држи жените надвор од работна сила во Северна Македонија?

Инфографик: Како грижата за децата ги држи жените надвор од работна сила во Северна Македонија? Авторки/уреднички: Светлана Папачек, Александра Тодевска, Јоана Тренеска, Јасмина Трајчева, Ера Сулејмани. Менторство: Алтинаи Мамбетова, Школа за податоци; Нураи Мамитова, Ала Негрута, UN Women ECA RO.

 

Инфографикот се однесува на влијанието кое што грижата за децаго има врз учеството на жените во работната сила во Северна Македонија, поткрепено со детална анализа и визуелизација на податоците од официјалната статистика и јавно достапните истражувања.

Анализата прикажана на инфографикот, покажува дека само 1 од 5 деца на возраст од 0 до 3 години оди во градинка, а само 1 од 3 деца на возраст од 4 до 6 години се запишани во предучилишна установа, што доведува до тоа 46% од жените да бидат економски неактивни. Понатаму открива дека 27% од невработените жени не бараат вработување поради обврските за грижа за деца.

Инфографикот, исто така, прикажува и решенија, како што се инвестирање во дневен престој, поголемо вклучување на татковците во грижата, промовирање на флексибилни работни ангажмани и воведување платено родителско отсуство за да ги поддржат мајките кои работат и да ја помогнат целокупната економска состојба на семејството.

Овој инфографик е креиран од тимот „7 дена“ составен од граѓански активистки и истражувачки кои беа дел од BootCamp за родови податоци во Измир – Турција (септември 2023), кој беше реализиран во партнерство помеѓу Факултетот за податоци, проектот на UN Women „Gender equality facility“ во Северна Македонија и регионалната програма „Making Every Woman and Girl Count“ за Европа и Централна Азија.

Ставовите изразени во инфографикот се на авторите и не задолжително ги претставуваат ставовите на UN Women, United Nations или други нивни придружни организации.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен