Колку чини забрзаноста – побрзај, полека

На 28.05 во мала сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Колку чини забрзаноста- побрзај, полека“. Работилницата ја водеше психологот Емина Петкова.

Целта на оваа работилница е присутните да станат свесни за односот со сопственото време и да направат самопроценка и конструктивна промена кон квалитетно искористување на времето.

Квалитетно минато време се однесува на времето поминато во активности или искуства кои носат значајни, позитивни искуства и спомени. Тоа е времето кое го посветуваме на важни луѓе или задачи, кои го збогатуваат нашиот живот и придонесуваат за нашата лична и емотивна благосостојба. Ова може да биде време поминато со семејството, пријателите, хобијата или било какви активности кои нè прават среќни и исполнети. Важно е квалитетното минато време да биде свесно и намерно, насочено кон создавање и зајакнување на значајни врски и моменти.

Се надевам дека со оваа работилница им помогнавме на учесничките навистина да го препознаат значењето на добро раководење со времето во нивните животи, добро да погледнат како го поминуваат своето време, да сфатат што функционира, а што не, а потоа да направат некои промени. А промените ќе се рефлектираат кај учесничките кон личен раст, продуктивност и сеопфатна благосостојба со тоа што ќе разберат како квалитетно да го искористат времето.

Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“ финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен