Наклонетост, поддршка, љубов…

На 23 јануари 2020 година, со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше работилница за психолошка поддршка на членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Работилницата се спроведе во салата на Локална самоуправа, а беше водена од психолог Емина Петкова и др. Гордана Митева.

Целта на оваа работилница беше присутните, низ интерактивен пристап, да се запознаат со значењето на наклонетоста, поддршката и љубовта и што го предизвикува тоа во нашето тело.

Ако човечките емоции се позитивни, тогаш, ние позитивно делуваме не само на себе, туку и на целата околина.

Секој во нас носи по еден талент, една вибрација, нешто што никој друг не го поседува. Во секој човек живее по еден сон и посебна дарба. Сами сме кројачи и шивачи на нашата судбина, сами си го трасираме патот по кој чекориме.

Оваа работилница ги поттикна присутните да бидат истрајни во своите одлуки, да бидат храбри и солидарни во својата борба и секогаш да делуваат позитивно.

Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен