На 26.08 во малата сала на општина Свети Николе, групата за самопомош одржа работилница на тема „Негативните мисли се фантазија на вашето его“. Работилницата ја водеше доктор по семејна медицина Гордана Митева.
Целта на оваа работилница беше да се создаде безбеден и поддржувачки простор, каде жените ќе можат да ја почувствуваат својата внатрешна сила. Кога му даваме шанса на умот да се смири, а на креативноста да излезе на површина, се отвора место за позитивна енергија и надеж. Паниката и стравот не носат решение – тие само го блокираат јасното размислување и ја одземаат можноста да го видиме светлото пред нас.
Наместо да бидеме затвореници на сопствените мисли, секој предизвик може да го доживееме како можност да се докажеме пред себе, да научиме нешто ново и да израснеме посилни. Кога стравот полека ќе попушти, пред нас се отвора пат кон нови идеи, решенија и начини како да го пронајдеме сопствениот внатрешен мир.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025“, финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.