- Позадина
Организацијата на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) е водечка сила во женското и граѓанското движење кое создава позитивни промени во општеството и придонесува за општата благосостојба на сите граѓани. OЖОСВН активно работи за подобар квалитет на живот на граѓаните и почитување на човековите права со акцент на правата на жените и девојките. Во согласност со визијата и мисијата на организацијата, активно работиме на три програми: Програма за човекови права со акцент на правата на жените, Програма за деца и млади и Здравствена програма со фокус на жените заболени од малигни болести. Идејата за формирање на здружението потекнува од жени активистки за човекови права, првенствено активистки за почитување и афирмирање на правата на жените. Оваа организација беше регистрирана како правно лице од страна на Основниот суд Свети Николе во декември 1990 година и е активна од тогаш. Главните целни групи на OЖОСВН се жените и младите од заедницата, но исто така работат за граѓаните на локално, регионално и национално ниво. Ова вклучува прашања поврзани со почитување на човековите права, различни форми на насилство, учество на жените во донесувањето одлуки, младински активизам, капацитети на локалните институции и носители на одлуки и пристап на граѓаните до услуги и здравје на жените. Препознаена е во регионите во кои делува и има одлична соработка со локалните општествени фактори, граѓански здруженија, локални организации и институции.
- Предмет на објавата
Оглас за вработување на лице за комуникација:
- Вид на договор:договор за врабoтување на определено време
- Период на ангажман:8 месеци
- Почеток на вработување:ноември 2025
- Завршување на договорот за вработување: јули 2026, со можност за продолжување
- Опис и задачи за работното место
- Планирање, организирање, координација и имплементирање на активности и стратегии за промоција на Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН);
- Координација и реализација на внатрешната и надворешната комуникација на (ОЖОСВН);
- Подготовка на комуникациски насоки и планови, соопштенија, текстови за објави на веб страна, постови за социјални медиуми;
- Уредување и ажурирање на веб страната и другите комуникациски канали на (ОЖОСВН);
- Следење и координација на активности за видливост во однос на проектните активности и комуникации, воспоставување и градење релации со медиуми;
- Развој, пишување, едитирање и продукција на промотивни материјали (печатени, аудио/видео);
- Подготовка на периодични е-билтени и годишен организациски извештај;
- Водење на месечна евиденција за фреквенција на традиционални и електронски медиуми;
- Организирање и учество во промотивни настани;
- Континуирано унапредување на своите знаења и вештини потребни за професионален и личен раст и развој и
- Соработка, комуникација, координација со проектниот тим.
- Потребни квалификации и искуство:
Општи барања:
- Завршено високо образование;
- Одлично познавање на македонски јазик;
- Одлични аналитички, пишувачки и комуникациски способности;
- Искуство во работа во тим;
- Способност за исполнување задачи во зададени и кратки рокови;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
Посебно професионално искуство:
- Релевантно работно искуство во областа на комуникација, менаџирање на социјални медиуми, раководење на веб страна;
- Докажано искуство во подготовка на комуникациски материјали;
- Искуство во работа со креативни алатки (Канва, Пинтерес и др.);
- Искуство со работа во граѓански сектор ќе се смета за предност;
- Искуство во соработка со локални самоуправи, институции и механизми за родова еднаквост ќе се смета за предност.
Членовите и членките на ОЖОСВН со соодветни квалификации, имаат предност во изборот на лице за комуникација.
- Локација и известување
Ангажманот е на полно работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно, а се однесува на раководење со целокупните комуникациски канали и активности на ОЖОСВН. Работното место е во канцелариите на ОЖОСВН (Ленинова 1-1/4, Свети Николе). Дел од ангажманот подразбира и теренска работа со учество на активности. По потреба и на барање на вработениот активностите може да се извршуваат и со работа од дома.
Лицето за комуникација на месечно ниво доставува проектни извештаи за остварената комуникација и фреквенција на медиумите и збирен организациски извештај на крајот од годината, а не подоцна од 20 јануари.
- Надомест и услови на плаќање
За овој ангажман е предвиден месечен бруто надомест од 40.000мкд.
Исплатата на плата ќе биде најдоцна до 5ти од наредниот месец.
- Аплицирање
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Кратка биографија (CV) на македонски јазик;
- Мотивациско писмо (до 1 страница) на македонски јазик;
Апликациите испратете ги на:
- womsvetinikole@yahoo.com или по пошта на адреса: ул. Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе или дирекно во канцеларијата на истата адреса.
Во предмет наведете: „Пријава за лице за комуникација“.
Рок за поднесување: 28/10/2025 година (вторник), до 12:00 часот.
Рок за разгледување на апликациите: најдоцна до 06/11/2025 година.
Рок за известување на избраниот кандидат/ка: најдоцна до 10/11/2025 година.
- Забелешки
- Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид.
- Само избраните кандидат(к)и ќе бидат известени за исходот.
- ОЖОСВН го задржува правото да не ангажира лице за комуникација доколку не се исполнат очекуваните критериуми и да го повтори повикот за ангажман.