Програмата за деца и млади постои и функционира во рамките на ОЖОСВН од 2001 година и претставува продолжување на Вавилон центарот кој функционираше во рамките на ОЖОСВН во периодот 2001-2006 година.
ОЖОСВН ги препознава младите како двигатели и креатори на промени во заедницата и општеството и затоа работи на надоградување на нивните знаења и вештини преку разни методи и алатки на неформално образование, поддржува младински иницијативи и работи на развој на волонтерство и младински активизам.
ОЖОСВН има широка мрежа на партнерски организации од земјава и странство и во соработка со нив нуди можности за учество на младите од општина Свети Николе и пошироко, на семинари, обуки, младински размени, летни едукативни кампови, работилници, конференции, волонтерска и практикантска работа, како во земјава, така и во странство.