На 20.08.2025 во Неготино и Кавадарци, 27.08.2025 во Велес и Лозово, како и на 05.09 и 09.09.2025 година во Амзабегово, Црнилиште, Мустафино и Ерџелија, беше промовирана нашата канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка каде беа поделени 1000 флаери.
Четири волонтерки од ОЖОСВН им објаснуваа на минувачите за услугите што ги нудиме, како и каде можат да се обратат. Тие ги информираа граѓаните дека бесплатната правна помош им овозможува правно застапување и заштита на нивните права, додека психо-социјалната поддршка им помага да се справат со стрес и тешки ситуации преку советување, терапија или практична помош, со цел подобрување на менталното здравје и благосостојбата. Волонтерките исто така објаснуваа дека во нашата канцеларија се достапни правник и психолог кои ги обезбедуваат овие услуги.
За поголема информираност на граѓаните, волонтерките поминаа и низ населени згради и куќи, оставајќи флаери во поштанските сандачиња.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.