Кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ 2025

  • Почетна
  • Новости
  • Кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ 2025

Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, спроведовме онлајн кампања со цел подигање на свеста, охрабрување за пријавување и јакнење на солидарноста со жртвите на насилство. Преку видеа и пораки базирани на реални секојдневни ситуации, зборувавме за насилството онака како што навистина изгледа – често тивко, скриено и нормализирано.

25 ноември

Кампањата ја започнавме со порака дека промената започнува дома. Наместо да ги учиме ќерките да трпат, време е да ги учиме синовите да не удираат. Насилството не е приватна работа, тоа е општествен проблем. линк до објава

27 ноември

„Тивките приказни живеат зад затворени врати“ – видео кое преку реални секојдневни примери потсети дека насилството често останува невидливо, но неговите последици се длабоки и трајни. линк до објава

1 декември

Ги прикажавме најчестите форми на омаловажување и психичко насилство во секојдневието. Фрази како „не преувеличувај“ всушност значат минимизирање на чувствата и избегнување одговорност – и се форма на насилство. линк до објава

2 декември

Видео со порака за охрабрување – секогаш постои решение. Прикажавме како изгледа првиот разговор кога некој ќе се охрабри да побара помош и дека секој чекор кон безбедноста е важен. линк до објава

3 декември

Младите против насилството. Генерации кои не молчат пред неправда и кои имаат моќ да создадат општество без насилство, преку глас, став и акција. линк до објава

4 декември

Ден на солидарност и сеќавање. За жртвите кои го изгубија својот живот.

За оние чии приказни завршија во тишина – ние зборуваме гласно. линк до објава

9 декември

Во Свети Николе беше донесена првата пресуда за онлајн демнење – значаен чекор во препознавањето и санкционирањето на дигиталното насилство. линк до објава

10 декември – Меѓународен ден на човекови права=женски права

Потсетивме дека човековите права се и женски права и дека живот без насилство е основно човеково право. линк до објава

16 дена зборувавме, споделувавме и потсетувавме. Борбата продолжува!

Секој ден е ден против насилство.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен