Тренинг за застапување базирано на докази и визуелизација на податоци

  • Почетна
  • ОЖО
  • Тренинг за застапување базирано на докази и визуелизација на податоци

Во периодот од 30 септември до 3 октомври 2024 година во Струмица, се реализираше тренинг за застапување базирано на докази за унапредување на женските човекови права и родово базирано насилство, како и визуелизација на податоци и информации за застапување.

Тренингот имаше за цел да придонесе кон подобрување на капацитетите и ефективноста на локалните женски граѓански организации и организации за човекови права кои работат на територијата на Р.С. Македонија, преку застапување за политики засновани на докази, подигање на свеста за родово базирано насилство и создавање влијателни приказни за општествени промени.

На тренингот учествуваа 16 претставнички од 10 различни граѓански организации од општините: Свети Николе, Битола, Прилеп, Кавадарци, Делчево, Пехчево, Куманово, Велес, Радовиш, Скопје.

Учесничките на тренингот имаа можност низ учење, дружење, интеракција да се стекнат со знаења и вештини и да ги зајакнат своите капацитети во однос на опфатените теми, како и да споделат свои знаења и искуства на темите.

Тренингот започна со игри за запознавање, поставување на правила за работа, но и искажување на предизвиците, стравовите и очекувањата кои ги имаат од тренингот и како тие самите, може да придонесат кон истиот. Продолживме со дискусии за моментална положба на жената во општеството, кои податоци се достапни или како може да дојдеме до потребни информации и податоци, но и разговаравме за препознавање и заштитни механизми за родово базирано насилство и вознемирување, родово одговорни политики и практики, институционализирањето на родови улоги, предрасудите и стереотипите.

Вториот ден учесничките стекнаа основни познавања за застапување и лобирање, за карактеристики и видови застапување, како и методи и техники за користење на податоци за ефикасно застапување пред носители на одлуки. Точно идентификување на проблем, дефинирање на цел/и, идентификување и анализа на релевантни чинители/засегнати страни, исто така беа дел од сесиите.

Третиот ден  учесничките се запознаа со можностите за застапување на локално ниво, постоечки механизми за вклучување на граѓаните на локално ниво и успешни примери на застапување, методи и техники за користење на податоци за ефикасно застапување пред носители на одлуки, визуелизација на податоци и создавање убедливи приказни за подобрување на застапувањето. Потоа беа споделени конкретни примери од учесниците од спроведени акции за застапување, па се продолжи со процес на избор на стратегија за застапување, градење на партнерства и поддршка, Формулирање на клучни пораки за застапување, дефинирање на канали за комуникација, соработка со медиумите, мобилизација на ресурси, користење на социјални медиуми за обезбедување на поддршка и работа во групи.

Последниот ден учесничките ја презентираа својата групна работа за планови за застапување на своите идеи и добија повратни заклучоци за сработеното од едукаторките.

Се надеваме дека со овој тренинг ги мотивиравме и инспириравме учесничките да станат повидливи во својата заедница, поактивни, погласни за своите права и креирање на поправедно и исполнително опкружување во кое живеат.

Овој тренинг е дел од проектот „Зајакни ја промената: Подобрување на застапувањето преку медиуми“ кој го спроведува Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН). Проектот е поддржан од The Kvinna Till Kvinaa Foundation од Стокхолм, Шведска со финансиска поддршка од UK International Development.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен