Зајакнување на демокрaтијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество
Времетраење: 02.04.2018 – 31.03.2020
Регион: Вардарски регион (Свети Николе, Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија)
Имплементатори: Фонадација Kvinna till Kvinna, Скопје и Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Креирање на поволни услови за имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и интегрирање на родовиот аспект на ниво на политики.
Специфични цел 1: Зајакнување на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост и граѓанските организации со цел промоција на родовата еднаквост и зајакнување на жените.
Специфични цел 2: Креирање на платформа за соработка помеѓу граѓанските организации, механизмите за еднакви можности и јавност во насока на поттикнување на заеднички родово-сензитивни иницијативи.
Активности:
- Поддршка на 5 локални женски организации преку процес на суб-грантирање;
- Имплементација на 3 тренинзи на темите: родова еднаквост, родова интеграција, мониторинг, евалуација и застапување, истражувачки алатки и методологија за 20 претставници на граѓански организации;
- Истражување за проценка на потребите на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во петте таргетирани општини;
- Годишни мрежни состаноци за 30 претставници на граѓански организации;
- Изработка и објавување на споредбен извештај за работата на локалните механизми од петте таргетирани општини;
- Имплементција на 5 тренинзи (родова сензитивност, алатки и методи за родова интеграција, родова анализа, родово буџетирање и проценка на влијанието на родот врз политиките) наменети за комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите, координаторите и претседателите на комисиите за еднакви можности во петте таргетирани општини;
- Обезбедување на менторска поддршка и консултации за комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите и координаторите за еднакви можности во петте таргетирани општини;
- Студиско патување во Шведска за 20 претставници на граѓански организации, претседателите и кординаторите на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите од петте таргетирани општини;
- 10 фокус групи со 80-100 жени и девојчиња од рурални средини со цел идентификување на предизвиците и потребите со кои што тие се соочуваат;
- Ревизија на работните програми на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во петте таргетирани општини;
- 5 јавни форуми со 100 учесници на кои што ќе се дискутираат предностите на родово еднаквото општество;
- 4 консултативни состаноци со чинители и носители на одлуки со цел лобирање за поддршка на 5 комисии за еднакви можности помеѓу жените и мажите;
- Медиумска кампања;
- Завршен настан
Вкупен буџет: 303.601 ЕУР
Буџет на ОЖОСВН: 50.833 ЕУР
Проектот е финансиран од Европската Унија
- 10/04/2018