Анализа на локални документи и политики за млади на Општина Свети Николе

  • Почетна
  • Новости
  • Анализа на локални документи и политики за млади на Општина Свети Николе

За практична и доследна примена на Законот за младинско учество и младински политики на РСМакедонија на локално ниво, потребно е усогласување на општински акти и исполнување на законски обврски од страна на општините. ОЖОСВН подготви анализа на локални документи и политики која дава реален приказ на сите општински акти кои треба да се во согласност со обврските и правата.

За да ја прочитате анализата кликнете овде: Анализа на локални документи

Преку деск истражување, интервју со Службеникот за млади и компаративна анализа, предмет на анализата беа нормативната рамка и локалните документи, стратегии и политики на општина Свети Николе, како што се: Закон за младинско учество и младински политики, Статут на општина Свети Николе, Програма за млади и спорт 2023, Локална стратегија за млади, Програма за локален економски развој 2023 и Сервисите за млади во Општина Свети Николе, како и документи од други општини каде веќе се воспоставени практично применливи документи според Законот за младинско учество и младински политики.

На 11 април 2023 година, оваа анализа беше презентирана пред креаторите на политики и донесувачите на одлуки во општина Свети Николе, а со цел да се запознаат директно со заклучоците од анализата и препораките кои треба да се имплементираат во пракса за да се поддржи младинската активност на локално ниво.

На оваа работна средба пред присутните советниците и службеникот за млади, покрај тоа што се презентираше анализата, се дискутираше и за општата состојба со младите во општина Свети Николе и што ние како општина заеднички можеме да направиме за нив.

Позитивно е тоа што присутните советници, изразија голем интерес за соработка, имплементирање на препораките и поддршка за идните активности поврзани со проектот и генерално иницијативи произлезени од млади.

Оваа активност е дел од проектот „Вклучени млади, силни заедници“ кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен