Барање на понуда за хотелско сместување и угостителски услуги

  • Почетна
  • Новости
  • Барање на понуда за хотелско сместување и угостителски услуги

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за хотелско сместување и угостителски услуги 

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Зајакни ја промената: Подобрување на застапувањето преку медиуми“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation од Шведска, има потреба од прибирање на понуди за реализирање на обука. Обуката ќе се реализира во период од 30 септември 2024 година до 03 октомври 2024 година (три ноќевања) и на истиот ќе присуствуваат 24 лица. Сместувањето ќе биде во еднокреветни соби.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

  • Хотелско сместување (еднокреветна соба, доручек, ручек, вечера) за 24 лица, за три ноќевања, пристигнување на 30 септември (почнување со вечера) и заминување на 03 октомври 2024 година (после ручек).
  • Цена на кафе (турско кафе, нес, еспресо, капучино, макијато, чај, какао) – предвидено е да има 6 кафе паузи
  • Цена на вода за време на сесиите
  • Цена за безалкохолен пијалок за време на ручекот и вечерата
  • Цена на дополнителен ручек за учесниците на денот на пристигнувањето
  • Цена за користење на сала за состаноци и друга дополнителна опрема.

Доколку Вашиот хотел нуди и спа услуги цената за користење на истите вклучете ги во понудата.

Цената на понудата да биде изразена по лице.

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 12 септември 2024 година (четврток) до 16 часот.

 

Со почит,

ОЖОСВН

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен