До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање на понуда за хотелско сместување и угостителски услуги
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Зајакни ја промената: Подобрување на застапувањето преку медиуми“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation од Шведска, има потреба од прибирање на понуди за реализирање на обука. Обуката ќе се реализира во период од 10 март 2025 година до 12 март 2025 година (две ноќевања) и на истиот планирано е да присуствуваат 18 лица. Сместувањето ќе биде во еднокреветни соби.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
– Хотелско сместување (еднокреветна соба, доручек, ручек, вечера) за 18 лица, за две ноќевања, пристигнување на 10 март (почнување со вечера) и заминување на 12 март 2025 година (после ручек)
– Цена на кафе (турско кафе, нес, еспресо, капучино, макијато, чај, какао) – предвидено е да има 4 кафе паузи
– Цена на вода за време на сесиите
– Цена за безалкохолен пијалок за време на ручекот и вечерата
– Цена на дополнителен ручек за учесниците на денот на пристигнувањето
– Цена за користење на сала за состаноци и друга дополнителна опрема.
Доколку Вашиот хотел нуди и спа услуги цената за користење на истите вклучете ги во понудата.
Цената на понудата да биде изразена по лице.
НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 03 март 2025 година (понеделник) до 16 часот.
Со почит,
ОЖОСВН