Барање на понуда за превоз на патници

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за превоз на патници

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna фондација, Шведска, има потреба од прибирање на понуди за превоз на патници.

Во рамки на проектот, во периодот од 17 до 20 јуни 2024 година, ОЖОСВН ќе реализира тридневен тренинг во хотел Романтик, Дојран.

На тренингот ќе учествуваат 27 учеснички од различни градови од Источен и Вардарски регион на Македонија за кои е потребно да се обезбеди организиран превоз. На 17 јуни сите учесници треба да бидат во х.Романтик, Дојран до 14 часот, а треба да се вратат назад кон матичните градови на 20 јуни со поаѓање од х.Романтик, Дојран во 14 часот.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

– Превоз за 6 учеснички на релација Свети Николе – Дојран – Свети Николе

– Превоз за 2 учеснички на релација Скопје – Дојран – Скопје

– Превоз за 4 учеснички на релација Виница – Кочани – Дојран – Кочани – Виница

– Превоз за 6 учеснички на релација Делчево – Дојран – Делчево

– Превоз за 2 учеснички на релација Велес – Дојран – Велес

– Превоз за 5 учеснички на релација Неготино – Дојран – Неготино

– Превоз на 2 учеснички на релација Кавадарци – Дојран – Кавадарци

 

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на е-маил адресата на ОЖОСВН: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на ОЖОСВН: ул.Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 12 јуни (среда) 2024 година до 10 часот.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен