Барање на понуда за превоз на патници

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за превоз на патници

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna фондација, Шведска, има потреба од прибирање на понуди за превоз на патници.

Во рамки на проектот, во периодот од 24 до 27 јуни 2025 година, ОЖОСВН ќе реализира тридневен тренинг во хотел Лаки, Охрид.

На тренингот ќе учествуваат 24 учеснички од различни градови од Источен и Вардарски регион на Македонија за кои е потребно да се обезбеди организиран превоз. На 24 јуни сите учесници треба да бидат во х.Лаки, Охрид до 14 часот, а треба да се вратат назад кон матичните градови на 27 јуни со поаѓање од х.Лаки, Охрид во 13 часот.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

– Превоз за 8 учеснички на релација Свети Николе – Охрид – Свети Николе

– Превоз за 1 учесничка на релација Скопје – Охрид – Скопје

– Превоз за 3 учеснички на релација Кочани – Охрид – Кочани

– Превоз за 3 учеснички на релација Делчево – Охрид – Делчево

– Превоз за 1 учесничкa на релација Велес – Охрид – Велес

– Превоз за 2 учеснички на релација Неготино – Охрид – Неготино

– Превоз на 6 учеснички на релација Кавадарци – Охрид – Кавадарци

 

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на е-маил адресата на ОЖОСВН: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на ОЖОСВН: ул.Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 20 јуни (петок) 2025 година до 12 часот.

 

Со почит,

Александра Тодевска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен