Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

„Биди активна за родово еднакво општество!“ – форум реализиран во Виница

  • Почетна
  • Новости
  • „Биди активна за родово еднакво општество!“ – форум реализиран во Виница

ОЖОСВН, на 25 ноември, одржа форум за млади девојки од Виница – за да ги запознаеме поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени. Фасилитаторка на овој форум беше Елена Трајкова.

Учесничките имаа можност на интерактивен начин, преку квиз да осознаат и да одговорат прашања поврзани со човековите права, а кои се содржани во самата брошура „Јаки жени, ја јакнат заедницата„, подготвена за оваа намена. Во сигурен простор, дискутираа отворено за родовата еднаквост и младинскиот активизам, искажуваа мислења за одредени стереотипи, што им фали во општината и како би можело да дојде до некои промени во нивната средина доколку повеќе и поактивно се вклучат, организираат и наметнат кај релевантните и одлучувачки фактори. Исто така, на самиот форум се претстави и организацијата ИНИ од Виница, која беше соработник при организирање на оваа активност и сподели со учесничките информации на кој начин може да се активираат во заедницата преку ова здружение на граѓани.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен