Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Влијание на емоциите врз внатрешните органи

На 23.11.2022 година со почеток во 18:30 часот ОЖОСВН реализираше работилница со групата за самопомош. Работилницата ја водеше Гордана Митева – Специјалист доктор по семејна медицина.

Целта на оваа работилница е учесничките да осознајат кои се емоции доведуваат до неправилно функционирање на внатрешните органи, поточно која емоција на кој орган делува, како би можеле жените од групата одредени емоции да ги минимизираат.

Се разговараше за основните емоции кои се дефинирани според кинеската традиционална медицина: лутина ,среќа, грижа, страв, тага, возбуда и како тие да се исконтролираат за да не дојде до несакано функционирање на органите врз кои тие емоции делуваат.

Оваа работилница е дел од проектот “Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“ финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен