На ден 25.12.2024 година со почеток во 15:30 часот, во просториите на пицерија Ти-Амо, мала сала, се одржа редовно годишно Собрание на ОЖОСВН.
На Собранието присуствуваа членови на Собрание, Управен и Надзорен одбор, членови и поддржувачи на здружението. Годишното Собрание го отвори и со седницата претседаваше Даниела Панева, актуелна претседателка на Организација на жените на општина Свети Николе.
За време на Собранието, беше усвоен записникот од предходното изборно собрание, беа усвоени годишниот наративен и финансиски извештај, како и завршната сметка за 2023 година, а беше презентирана и дискутирана и Годишната програма за работа заедно со финансискиот план за 2025 година. Присутните придонесоа со свои идеи за активности што би можеле и треба да се дополнат во Програмата за 2025 година и истата потоа, како и сите претходни точки на дневниот ред, беше едногласно усвоена.
На Годишното собрание,ОЖОСВН воедно прослави и 34 години постоење и активна работа.
За овие 34 години на ОЖОСВН, сме искрено благодарни на сите наши поддржувачи, донатори, партнери и соработници, на нашите целни групи и конституенти, за нивната несебична поддршка во текот на сите овие години, но и на сите вработени и ангажирани лица, практиканти, волонтери и членови, без кои сигурни немаше да стигнеме таму каде што сме денес.