Градиме родово сензитивни локални институции

  • Почетна
  • ОЖО
  • Градиме родово сензитивни локални институции

 

 

На 30 ноември и 7 декември се оддржаа две еднодневни основни обуки за концептот на интегрирање на родова перспектива и градење на родово сензитивни локални институции за претставници од различни институции во општина Свети Николе.

Главната идеја на оваа активност беше да се соберат претставници на различни локални институции од општина Свети Николе, кои директно или индиректно работат со различни целни групи и да им се обезбедат основни знаења, свест и капацитет за вклучување на родовата перспектива во нивната институција и секојдневната работа. Оваа основна обука имаше за цел да им обезбеди на учесниците релевантна мотивација, знаење, вештини и вредности кои им овозможуваат да придонесат за ефективно спроведување на стратегијата за вклучување на родовите аспекти во главните политики во нивната област, организација или институција.

Концептот на обуката беше широко теоретски и строго практичен, така што учесниците можеа подобро да ги разберат клучните термини и процеси. Беа објаснети клучните поими како што се род и пол, вклучувајќи го и родовиот триаголник, што понатаму води кон развојните цели на ОН, како и концептот на формална еднаквост наспроти корективниот модел. Концептот на вклучување на родовата перспектива беше опишан со примери од различни градови низ светот и во меѓусекторскиот пристап, како што е вклучувањето на родовите аспекти во ИКТ, образованието или урбаното планирање. Тука се опфатија и родови индикатори, циклус на јавни политики и циклус на управување со проекти, организациска и институционална трансформација, важноста на комуникацијата, како и листа за проверка на вклучување на родовите аспекти во главните политики со примери од различни сектори.

Во вториот дел од работилницата, учесниците беа поделени во различна група и имаа задача да идентификуваат веќе постоечки практики во организациите од кои доаѓаат, како и да планираат најмалку 5 потенцијални активности во рамките на организацијата и 5 активности кон заедницата што ќе го вклучи пристапот за вклучување на родовите аспекти во главните политики и ќе доведе до трансформативни промени. Двете групи беа навистина посветени на нивната групна работа,  соработуваа и покажаа разбирање за темата.

По завршувањето на еднодневната обука, очекуваме дека учесниците ќе можат да ги идентификуваат родовите нееднаквости и родовите јазови во нивната организација/институција, да ги дефинираат целите за родова еднаквост, да го земат в предвид родот при планирање и спроведување на политики, да го следат напредокот, оценуваат и планираат од родова перспектива.

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен