Како до родово одговорни, праведни и инклузивни локални политики?

  • Почетна
  • Новости
  • Како до родово одговорни, праведни и инклузивни локални политики?

На 02.09.2025 се одржа завршна работилница со претставници на советот и претставници на администрацијата на општина Свети Николе.

Целта на работилницата беше да се согледаат ефектите, предизвиците, подобрувањата, проблемите од обуката која ОЖОСВН, ја спроведе во 2022 година на почетокот од нивниот мандат, а во однос на локалните политики и донесувањето одлуки на локално ниво. На оваа средба дел од заклучоците беа дека со добивањето на мандатот, советниците немаат организирана процедура за запознавање со процесите во општината и улогата на администрацијата, па најчесто сè се остава на нивна лична иницијатива. Првата обука во Дојран им помогнала за меѓусебно поврзување и поттикнала интерес за понатамошни обуки, особено во областа на родовата еднаквост. Тоа придонесе во програмите на општината да се воведат индикатори, вклучително и родови, и формулар за известување за поддршка на здруженија.

Сепак, Советот нема систем за споделување информации за обуки или механизам за пренос на знаења меѓу советниците. Дел од советничките посочија дека предлозите поврзани со родовата еднаквост сè уште се предмет на потсмевање, што покажува потреба сите советници да поминат задолжителни обуки за родова еднаквост и за правната рамка за еднакви можности.

Како приоритет се посочени обуки во првите шест месеци од мандатот, надвор од местото на живеење, со теорија, практични вежби и тим билдинг, како и дополнителни обуки за јавен настап и конструктивна комуникација со администрацијата, невладиниот сектор и граѓаните.

Советниците имаат потреба од запознавање со работењето на општинските сектори и локалните НВО, заради подобра подготовка на предлози и политики засновани на податоци. Исто така, тие посочија дека на новите советници е потребно, од страна на општинските служби, да им се достави пакет со информации (статут, деловник, закони, можности за обука), за да се унапреди работата на советот. Беше заклучено и дека соработката со НВО треба да биде врз компетентност, а не лични преференци и да вклучува: организирање обуки и подготовка на анализи.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен