На 16 мај во Сала на ООУ„Гоце Делчев“ се одржа рекреативна работилница со физички вежби наменета за жените заболени и лекувани од рак на дојка. Едукаторка на оваа работилница беше Тања М. Ангеловска, наставник по физичко и здравствено образование.
Целта на оваа работилница е вежбите да служат за подигање на нивото на моторните и функционалните способности и со нив да придонесат за развој на силата на рацете и рамениот појас, нозете, стомакот и грбот. Самите вежби ги мотивираа жените од групата да ја пронајдат моќта во себе и како самостојно да ја одржуваат моториката на своето тело.
Проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“ е финансиски поддржан од Локална самоуправа Свети Николе.