Физичка активност е било која телесна активност која што ја зголемува и одржува физичката форма, општото здравје и добросостојба кај човекот. Таа се практикува од различни причини: зајакнување на мускулите и на кардиоваскуларниот систем, подобрување на атлетските способности, одржување на телесната форма, како и поради чувството на задоволство кое се добива како резултат на вежбањето. Честата и редовна физичка активност го подигнува имунолошкиот систем и помага во превенција од цивилизациските болести, како што се: срцева болест, кардиоваскуларна болест, дијабет тип-2 и прекумерна дебелина.
На 21.07.2021 година (среда) во 19 часот, на градскиот стадион во Свети Николе беше спроведена активност со комплекс вежби за превенција и корекција на телото, водена од Даниела Петкова Стојчева, професорка по физичко и здравствено воспитување. Учеснички беа жените од групата са самопомош (група на жени заболени и лекувани од карцином на репродуктивните органи). Целта на овие корективно-превентивни вежби е да се спречат или ублажат телесните деформитети и токму затоа се препорачуваат секојдневно да се извршуваат. Тие, покрај другото, ја одржуваат и психичката функционалност.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка -2“ ,финансиски поддржан од Општина Свети Николе