Меѓународен ден на младите

Од 2001 година, програмата за деца и млади во рамките на ОЖОСВН успешно функционира, претставувајќи продолжување на Вавилон – центарот кој функционираше од 2001 до 2006 година. Во текот на овие години, ја препознавме важноста на младите како двигатели и креатори на позитивни промени во заедницата и општеството.

ОЖОСВН посветено работи на надоградување на знаењата и вештините на младите преку разни методи и алатки на неформално образование. Го поддржуваме младинскиот активизам и ги охрабруваме младите да иницираат и водат проекти кои ќе придонесат за подобрување на нашето општество.

Со нашата широка мрежа на партнерски организации, како од земјава, така и од странство, нудиме бројни можности за учество на младите од општина Свети Николе и пошироко. Преку семинари, обуки, младински размени, летни едукативни кампови, работилници, конференции, како и волонтерска и практикантска работа и им овозможуваме на младите да го прошируваат своето знаење и искуство.

Нашата цел е да ги поддржуваме младите во нивните напори да станат активни и одговорни граѓани. Нивната енергија, креативност и амбиција се клучни за создавање на иновативни решенија и за справување со предизвиците на современото општество. Веруваме дека младите се не само иднината, туку и сегашноста на нашето општество. Тие имаат способност да го трансформираат светот и затоа сме тука да ги поддржиме во секој чекор на нивниот пат.

Освен развојот на нивните професионални и лични вештини, ОЖОСВН посветува големо внимание на менталното здравје и благосостојбата на младите. Организираме работилници и активности кои ги охрабруваат младите да се грижат за своето ментално здравје и да развиваат здрави навики. Се залагаме за создавање на поддржувачка средина каде што секој млад човек ќе може да се чувствува безбеден и прифатен.

Секој млад човек има моќ да создаде позитивни промени во заедницата.

Секоја девојка има потенцијал да направи разлика во својата заедница.

Искористи ги можностите, креирај ја својата сегашност и иднина, вклучи се и придонеси кон заедницата.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен